РЕСТОРАН

Вкусови инспирирани од традицијата и природата.

Уживајте во внимателно подготвени специјалитети, пријатен амбиент и гостопримство во срцето на Негорски Бањи.

ГАСТРОНОМСКО ИСКУСТВО

Два +ресторани.
безброј поводи за уживање.

Негорски Бањи располагаат со два ресторани и пространа летна градина, каде посетителите можат да уживаат во разновидна понуда на јадења, здрава храна и специјалитети со препознатлив вкус од југот на Македонија.

250+

Капацитет на гости

2

типа на ресторани

20+

Години традиција

АМБИЕНТ

Уникатен простор за секој повод

Без разлика дали барате релаксиран ручек во природа, семејна прослава или пансионски оброк за време на вашиот престој, нашите ресторани нудат совршен спој на вкус, удобност и атмосфера.

A La Carte Ресторан

Во склоп на летната градина се наоѓа комерцијален ресторан со внимателно избрано мени и пријатен амбиент за семејни ручеци, дружби и специјални пригоди.

Пансионски Ресторан

Ресторанот во хотелскиот комплекс нуди појадок, ручек и вечера за гостите со пансионски престој, во удобен простор со капацитет од 250 посетители.