Негорски Бањи располагаат со два ресторани и пространа летна градина, каде посетителите можат да уживаат во разновидна понуда на јадења, здрава храна и специјалитети со препознатлив вкус од југот на Македонија.
Без разлика дали барате релаксиран ручек во природа, семејна прослава или пансионски оброк за време на вашиот престој, нашите ресторани нудат совршен спој на вкус, удобност и атмосфера.
A La Carte Ресторан
Во склоп на летната градина се наоѓа комерцијален ресторан со внимателно избрано мени и пријатен амбиент за семејни ручеци, дружби и специјални пригоди.
Пансионски Ресторан
Ресторанот во хотелскиот комплекс нуди појадок, ручек и вечера за гостите со пансионски престој, во удобен простор со капацитет од 250 посетители.