Здравствен оддел
Синергија на професионализам и природна лековитост
Едно со природата
За здравјето на нашите пациенти и посетители се грижи тим од лекари специјалисти по физикална медицина и рехабилитација, лекар по општа медицина, медицински сестри, физиотерапевти и масер. Податоци за благотворното дејство на душата и телото од минералните води од Негорски Бањи постојат уште од далечната 1864. Научните докази за лековитоста на водата датираат од 1950 година кога е формирано бањското лекувалиште.
1864та
Први записи за лековитоста
1950та
Основано бањското лекувалиште
бањско лекување
Природен извор исполнет со минерали
Во регионот на бањата постојат 2 извора “Врела Бања” и “Ладна Бања”.
Водата во врелата бања има температура од 40°C, а во ладната бања 37°C.
Таа во својот состав содржи калциум, магнезиум, рубидиум, цезиум, радон и други минерали.
40°C
Врела Бања
37°C
Ладна Бања
Лековити сцојства
Лековити својства: Како бањската вода помага при лекување
Нашата термоминерална вода е природен извор на здравје. Со децении успешно се применува за третман, превенција и рехабилитација на:
Ревматски заболувања
Коски и зглобови
Р'бетни заболувања
Пост-оперативна рехабили- тација
Невролошки состојби
Дигестивен систем
Кожни заболувања
Уринарен систем
Срце и циркулација
Женско здравје
Респира-торни заболувања
Метаболно и коскено здравје
Современи терапевтски методи
Физикална и современа терапија
Современи медицински технологии и природни терапевтски методи за рехабилитација, намалување на болка и подобрување на функцијата на телото. Комбинација од докажани физикални процедури и иновативни терапии за оптимални резултати.
Физикални Терапии
Напредни технологии за намалување на болка и воспаление.
- Сонотерапија
- Фототерапија
- Биотрон ламба
- Ласер терапија
- Магнетотерапија
Хидро Релаксациони Терапии
Водени процедури и релаксација за тело и ум
- Подводна масажа
- Рачна масажа
- Парафин терапија
-
Минерална вода
(2 базени со природна термална вода за терапија и релаксација)
Дијагностика и Функционална Проценка
Следење на вашето здравје со прецизни методи
- ЕКГ дијагностика
- Органометрија
Рехабилитација и Движење
Терапии за подобрување на движењето и функцијата
- Кинезо терапија
- Хидрокинезитерапија
- Екстензија на рбет
ФЗО
Договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ
Осигурениците може да ги користат нашите здравствени услуги со приложување на специјалистички упат издаден од матичен лекар, или со Решение за продолжено болничко лекување и медицинска рехабилитација издадено од Фондот за здравствено осигурување.
Дневната партиципација за лекување со болнички упат се наплаќа согласно ценовникот на ФЗОМ и изнесува 200,00 ден.
Ги молиме пациентите – осигуреници, при доаѓање во Негорски Бани со себе да ја понесат целокупната медицинска документација која ја поседуваат (РТГ снимки, лабораториски наоди, извештаи од специјалисти и сл.).
Напомена: Доколку пациентите не поседуваат здравствено осигурување и уредна документација, здравствените услуги ќе им бидат наплатени приватно по цени согласно ценовникот на ЗУПЛ Негорски Бани.
